Сафра [Safra] [English translation]

Songs   2024-12-24 21:02:36

Сафра [Safra] [English translation]

реф:

животот е коцка па ме измамија

зошто каде има сила нема правдина

за некого мед и млеко за мене арам и катран

не можам да издржам ме фаќа сафра

сафра е причината што сум депримиран

се нервирам и сонувам да емигрирам

но да почнам од почеток па да стигнам до крајот

живеам во пекол не знам дали ќе го видам рајот

и после 6 века угнетување не се прашуваме

дали сме жртва на заговор за уништување

едни ни го грабат јазикот а други името

македонијо кој е татко на копилето?

македонче нејќе да порасне во македонец

ментален роб кој сам си копа гроб

еј господи ајде испрати јунак ти

да ги скрши прангите на менталните робови

варварски принцови порано освојувачи

изгубени во времето како во магла гуски

но крушите паѓаат под круши велиш не се лути

но соколите се претворија во утки

во овој пандемониум балкански триаголник

во кој владеат алчност мито и други ѓаволи

до вчера другари а сега господа во одела

сите јаки на збор никој на дела

слушам проѕирни ветувања за подобро утре

но ништо не се менува ке го дочекам ли тоа утре

скандали афери се се заборава пред избори

ви 2.000.000. слепци едноокиот е водич

во социјална држава платата е социјална помош

да издржиш до први во круг да најдеш кош

во европа само географски стално под блокади

не третираат како да сме лебарки

тестираат издржливост на балканското заморче

па ајде кажи дали те боли бре македонче

војната е стара нова баба рога

но подобро еден ден лав отколку цел живот овца

6 години жеден во оазата на мирот

чекам во редот за запослување пред биро

а навистина се чувствувам заразно кога не ми дават

виза да излезам од резерватот ме фака сафра.

реф:

и во рајот како почеток на крајот самурајот

со својата катана го вади сјајот

како што рокам од скопје до гевгелија

земјата дембелија има нова епидемија

и да не сакав ќе се поврзе со саф без

страв сукај ракав напаѓам ко лав

сафра бе брат ти крши итно вратот без

милост зошто нашиот дух е во силос се

јавува кога чекаш со денови во редови пред

шалтери меѓу драп сакоа испотени брусхалтери

како што службеничката ти сере и

ти се дереш од нервоза цел се тресеш или

сафра пред за вработување биро

чекаш нова шанса да не продаваш гиро ама

знаеш резултати исти си ги гледал често

сакаш било каде ама и таму нема место па си

жесток нема да молиш за својот надоместок (но)

без милостина дали можеш сам до овој петок

се изразувам орално па гледано глобално се

менува географски чувството ментално тоа што

северот го нуди тоа југот го губи нема

размена нема напредок шенген ти пресуди

кога рим падна сите бевме варвари а сега

едни со сателити другите со фрази стари пола е

клима и историја пола сам си форсираш

каде да се родиш дека не можеш да бираш па од

сафра блокада стихови мавам до транс господине

до мене не допира твој нонсенс пар екселанс

но и сафра ке си оди нема вечно да не казни пет

векови се полнело пет векови ке се празни кога од

сафра си импотентен како да си пиел бром сврти на

WWW.SAF.COM

реф:

SAF more
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian
  • Genre:Hip-Hop/Rap
  • Official site:
  • Wiki:
SAF Lyrics more
SAF Featuring Lyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Artists
Songs