Итно ми требаш ти [Itno mi trebaš ti] [English translation]

Songs   2024-12-18 00:31:36

Итно ми требаш ти [Itno mi trebaš ti] [English translation]

Ми требаш, ми требаш морам да те видам

итно е битно е каде си, ќе стигнам.

Мораш да најдеш и простор и време

ми требаш итно не си играј со мене.

Намерно така ме погледнува

намерно ме топи и ме заледува.

Во исто време намерно знае да се облече

штом ја видам намерно да ме пресече.

Што мислиш кој ти врти пак од скриен број

и кој се губи начисто штом го чуе гласот твој

што мислиш кој би војувал со пола град

за да не те расплачат и да не те повредат.

Итно ми требаш ти а кој знае каде си

ноќва ми нема спас без твоите бакнежи.

Итно ми требаш ти или ќе полудам

ако и вечерва без тебе заспијам.

Намерно така се насмевнува

намерно ме лечи па ме разболува.

Во исто време намерно знае да ме потресе

крај мене штом помине и каже -- Јави се!

Што мислиш кој ти врти пак од скриен број

и кој се губи начисто штом го чуе гласот твој

што мислиш кој би војувал со пола град

за да не те расплачат и да не те повредат.

Вечерва си ми најпотребна

како без воздух сум штом не си ми во близина.

Градот цел јас ќе го превртам

без тебе несмејам да заспијам.

Ми требаш, ми требаш морам да те видам

итно е битно е каде си ќе стигнам.

Мораш да најдеш и простор и време

ми требаш итно не си играј со мене.

Барав совети од мојот човек Џеј Џеј

дали да бидам груб или да играм фер плеј.

Еј чекај одиме полека јас сум човек кој знае да чека.

Jovan Jovanov more
  • country:Macedonia
  • Languages:Macedonian
  • Genre:Hip-Hop/Rap, Pop, R&B/Soul, Pop-Rock
  • Official site:http://www.jovanjovanov.com/
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Jovan_Jovanov
Jovan Jovanov Lyrics more
Jovan Jovanov Featuring Lyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Artists
Songs