Auf der Mundharmonika [Macedonian translation]
Auf der Mundharmonika [Macedonian translation]
Подоцна, подоцна од автомобилот нема да остане ниту трагата,
никој, никој, тогаш нема да праша, кој во овој автомобил се возел,
сите зборови, кои ги кажавме,само како дрвја тогаш ќе шумолат,
а песната, која за нас, на усната хармоника одѕвонуваше
ќе биде еден ден од ветерот отпеана и ќе вели само лалала.
Старите патишта, по кои скитавме, нови патишта ќе станат,
нашиот споменик за другите е само еден камен крај патот*
Германија, Франција, Фризија, Фландрија, пеејќи таму се регрутираат,
а песната, која за нас, на усната хармоника одѕвонуваше
ќе биде еден ден од ветерот отпеана и ќе вели само лалала,
лалала.
Еден ден друг пеач ќе им пее тивко на уво на вљубените,
тие веројатно нема да седат подолго, отколку што ние порано седевме
но, тоа не е наша грижа повеќе, кој во кого се заљубил,
а песната, која за нас, на усната хармоника одѕвонуваше
ќе биде еден ден од ветерот отпеана и ќе вели само лалала,
лалала.
- Artist:Marlene Dietrich