I Am a Rock [Macedonian translation]

Songs   2024-12-28 16:27:06

I Am a Rock [Macedonian translation]

Зимски ден е,

навлезен длабоко во еден мрачен декември;

Јас сум сам,

и зјапам од мојот прозорец кон улиците подолу

покриени со свежо паднат снег.

Јас сум камен, јас сум остров.

Изградив бедеми,

тврдина длабока и моќна,

што никој не може да ја пробие.

Немам потреба од пријателство, пријателството предизвикува болка,

а смеата и сакањето ги преѕирам.

Јас сум камен, јас сум остров.

Не ми зборувај за љубовта;

Иако се тоа зборови што сум ги чул порано,

таа сепак спие во моите спомени.

Не сакам да ја нарушам “дремката” на чувствата што се веќе мртви.

Ако никогаш не сум сакал некого, никогаш и немаше да плачам.

Јас сум камен, јас сум остров.

Си ги имам моите книги

и мојата поезија да ме штитат;

Заштитен сум во мојот оклоп,

Се кријам во својата соба, безбеден во својата утроба.

Не допирам никого и никој не ме допира.

Јас сум камен, јас сум остров.

А каменот не чувствува болка;

И островот никогаш не плаче.

Simon & Garfunkel more
  • country:United States
  • Languages:English, French (Haitian Creole)
  • Genre:Rock
  • Official site:http://www.simonandgarfunkel.com/us/home
  • Wiki:http://en.wikipedia.org/wiki/Simon_%26_Garfunkel
Simon & Garfunkel Lyrics more
Simon & Garfunkel Featuring Lyrics more
Simon & Garfunkel Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Artists
Songs