Ich hab' noch einen Koffer in Berlin [Macedonian translation]
Ich hab' noch einen Koffer in Berlin [Macedonian translation]
Сеуште имам еден куфер во Берлин...
Прекрасно е во Париз
на Rue de Madelaine*
убаво е во мај во Рим
да одиш низ градот.
или една летна вечер,
мирно, со вино во Виена.
Сепак, сеуште сум, иако вие ќе се смеете,
приврзана за Берлин.
Сеуште имам еден куфер во Берлин
затоа, морам наскоро да се вратам таму.
Блаженствата на минатите времиња
сеуште се сите внатре, во мојот мал kуфер
Сеуште имам еден куфер во Берлин,
тој останува таму, и тоа има своја смисла.
На овој начин, патувањето вреди
бидејќи кога копнеж имам
тогаш ќе се вратам.
Лунапарк и аквапарк
мала мечка во зоолошката,
плажата на Wannsee* со тркало на вода,
денови, светли и радосни!
Werder*, кога дрвата цветаат,
паркот Sanssouci*...
Деца, сепак беше убав Берлин!
Никогаш нема да го заборавам!
Сеуште имам еден куфер во Берлин
затоа, морам наскоро да се вратам таму.
Блаженствата на минатите времиња
сеуште се сите внатре, во мојот мал Куфер
Сеуште имам еден куфер во Берлин,
тој останува таму, и тоа има своја смисла.
На овој начин, патувањето вреди
бидејќи кога копнеж имам
тогаш ќе се вратам.
... бидејќи сеуште имам еден куфер во Берлин!
- Artist:Marlene Dietrich