Ich liebe das Leben [Macedonian translation]
Ich liebe das Leben [Macedonian translation]
Твојот куфер веќе чека во ходникот
ти ме оставаш сама.
Се погледнуваме и чувствуваме,
мора така да биде.
Се' уште стоиш колебливо на вратата
и прашуваш: што ќе биде со тебе?
Не,
не се грижи за мене
ти знаеш, јас го сакам животот
и се' уште понекогаш плачамз а тебе,
тоа ќе помине, сигурно.
Што може да ми се случи?
Верувај ми, го сакам животот.
Рингишпилот ќе се врти и понатаму
дури и ако се разделиме.
Можно е дека својата важност за другите
често ја преценуваме.
очајнички надевајќи се на пожар
таму каде што само тлее.
Иако може многу да боли,
од тоа не се умира.
Не
не се грижи за мене
ти знаеш, јас го сакам животот
и се' уште понекогаш плачам за тебе,
тоа ќе помине, сигурно.
Што може да ми се случи?
Верувај ми, го сакам животот.
Рингишпилот ќе се врти и понатаму
дури и ако се разделиме.
Можеби ќе ми се допадне повторно слободна да бидам,
можеби одново ќе се вљубам,
ќе видиме,
светот е убав
што ќе биде, нека биде. Ла, ла, ла ...
Ти знаеш, јас го сакам животот.
Ла, ла, ла, ла, ла, ла ...
Те прашувам:
Што може да ми се случи?
Верувај ми, го сакам животот.
Рингишпилот ќе се врти и понатаму
дури и ако се разделиме,
дури и ако се разделиме.
Ти знаеш, јас го сакам животот.
- Artist:Vicky Leandros