Јас не сум виновен [Jas ne sum vinoven] lyrics
Songs
2024-12-02 07:51:18
Јас не сум виновен [Jas ne sum vinoven] lyrics
Често мојот поглед лета
Преку туѓи рамена до тебе
Нога преку нога седиш
И не погледнуваш во мене
Илјада лица и ти
Сонце во ноќ меѓу нив
Бегајќи цел живот
Ко за инат сѐ ме навраќа на тебе
Јас сум само патник којшто
Нема ништо свое освен себе
Можам да прифатам сѐ
Толку сум слаб на тебе
рефрен':
Јас не сум виновен
Ти ми требаш како добар ден
И после сѐ да сме сами под ѕвездите
На чекор од тебе а никако до тебе
Јас не сум виновен што ти си ми сѐ
Често мојот поглед лета
Преку туѓи рамена до тебе
Нога преку нога седиш
И не погледнуваш во мене
Можам да прифатам сѐ
Толку сум слаб на тебе
- Artist:Toše Proeski
- Album:Igra bez granici (2007)