Кој ли ти гризе образи [Koj li ti grize obrazi] lyrics
Songs
2024-11-28 21:58:38
Кој ли ти гризе образи [Koj li ti grize obrazi] lyrics
Фатена жива
На сопствена мамка
Ко евтина слика во прескапа рамка
Да спасиш нешто бар што можеш
Наместо да ми признаеш
Од лага во лага тонеш
Лажливо срце
Ќе застрани лесно
Во секоја ширина
Пак му е тесно
А твоето чука како на Јуда
Само во ритам на измама
Но не можам да ти судам
Кој ли ти гризе образи?
Чиј ли траг на вратот криеш?
Како по него можеш ти
До мене да си и мирно спиеш?
Кому ли си се ветила?
Сѐ што ми зема кај го даде?
Мила за колку ли ме продаде?
Лажливо срце
Ќе застрани лесно
Во секоја ширина
Пак му е тесно
А твоето чука како на Јуда
Само во ритам на измама
Но не можам да ти судам
Кој ли ти гризе образи?
Чиј ли траг на вратот криеш?
Како по него можеш ти
До мене да си и мирно спиеш?
Кому ли си се ветила?
Сѐ што ми зема кај го даде?
Мила за колку ли ме продаде?
- Artist:Toše Proeski
- Album:Po tebe (2005)