Компас [Kompas] lyrics
Songs
2024-11-07 15:49:27
Компас [Kompas] lyrics
Штом ќе зажари неба источни
сонце образ ми позлатува
Ко да праќаш ти тајни бакнежи
место писма од далечина
А кога од збудалени ветрој западни
брезите ќе се расчешлаат
Мислам дали пак негде, некогаш,
твоите коси ќе ме покријат?
Кај е север... Кај е југ ...
- ништо не го занима
Ова срце како компас расипан
тебе само те покажува
Зад Радишани штрчат планини
ноќе над нив звезда најсилна
Ѕвездо северна, дал‘ е неверна
ил‘ си само солза нејзина?
Пролет секоја птица некоја
в грло носи песни љубовни
И со твојот глас тагува за нас
заедно што не сме јас и ти
Кај е север... Кај е југ...
- ништо не го занима
Ова срце како компас расипан
тебе само те покажува
- Artist:Vlado Janevski