Ma folie [Macedonian translation]

Songs   2024-11-29 18:09:47

Ma folie [Macedonian translation]

Се обидувам да не западнам во моето лудило

Да го сторам најдоброто со моите мисли.

Да не потонам или обесхрабрам – си велам,

За соништава кои се во мене,

Овој дел од мене, да победи

Ги отворам очите во мојот кревет

Чувствувам како стапалата ми се тријат едно од друго

Првиот допир од утрото во мојата интимност

Моето лице во полнет јорган

Мирно,

Слушам како телото ми дише

Задоволна сум, нема кошмари

Се чувствувам, речиси безбедно

Но, мозокот ми се враќа

На автоматски режим

Ова садистичко ѓаволче почнува да прави – тик-тик.

Се обидувам да не западна во моето лудило

Знам дека мислите ми го обликуваат животот

Умот го фокусирам кон моите желби.

И соништава кои се таму, во мене

И овој дел од мене ќе победи

Ги отворам очите во животот

Гледам како чекорите се сместуваа еден по друг

Дали ќе изберам да го изедам убавиов, сладок портокал

Или оној без сок, горчлив и сув?

Дишам

Денес имам два избора

Да се нахранам со убави приказни

или да се жалам од сопствениот одраз

Под перницата го имам багетот од моите желби

Дали денес ќе си го послужам

За магијата да проработи?

Нека помине дождот!

Нека се расчисти досадата!

Нека поминат извиците!

Така одминува животот!

Се обидувам да го прифатам моето лудило

Овој дел од мене, ме прави нешто што сум

Без да си судам, драматизирам, си велам:

- Зад картава, има уметност

Само треба да најдам акорд за да зазвучи

Zaz more
  • country:France
  • Languages:French, Spanish, Italian, Lingala, English
  • Genre:Jazz, R&B/Soul, Singer-songwriter
  • Official site:http://www.zazofficial.com/
  • Wiki:https://fr.wikipedia.org/wiki/Zaz_(chanteuse)
Zaz Lyrics more
Zaz Featuring Lyrics more
Zaz Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Artists
Songs