Nur noch kurz die Welt retten [Macedonian translation]

Songs   2024-11-26 13:21:25

Nur noch kurz die Welt retten [Macedonian translation]

Со задоволство би бил таму,

ама имам премногу работа.

Ајде пак да зборуваме подоцна.

Надвор сум им потребен!

Ситуацијата е подценета

и можеби нашиот живот зависи од тоа!

Знам, кај тебе е сериозно,

сега не можеш овде без мене.

Само не се плаши, нема да бидам отсутен долго.

Рефрен:

Морам уште накратко да го спасам светот,

потоа ќе долетам до тебе!

Да проверам уште 148 мејла -

којзнае што тогаш уште ќе ми се случи -

бидејќи многу нешта се случуваат!

Морам уште накратко да го спасам светот

и веднаш потоа сум пак кај тебе.

Некако доцнам,

почни веќе со јадењето,

јас подоцна ќе се приклучам.

Ти прашуваш „Зошто, оти, од кои причини„?

Јас велам, кој тоа го прашува е глупав,

бидејќи изгледа дека не знаеш што правам.

Баш посебна мисија!

Да не те замарам со детали,

доволно е речено, доволно информации.

Рефрен

Времето ми истекува!

Да чекам би било срам

за целата светска популација!

Мора да одам,

во спротивно ќе се случи големата катастрофа.

Не приметуваш ли дека сме во опасност?

Морам сега навистина да го спасам светот,

потоа ќе долетам до тебе!

Да проверам уште 148 мејла -

којзнае што тогаш уште ќе ми се случи -

бидејќи многу нешта се случуваат!

Морам уште накратко да го спасам светот,

потоа ќе долетам до тебе!

Да проверам уште 148.713 мејла

којзнае што тогаш уште ќе ми се случи -

бидејќи многу нешта се случуваат!

Морам уште накратко да го спасам светот

и веднаш потоа сум пак кај тебе.

  • Artist:Tim Bendzko
  • Album:Wenn Worte meine Sprache wären (2011)
Tim Bendzko more
  • country:Germany
  • Languages:German
  • Genre:Pop
  • Official site:http://www.timbendzko.de/
  • Wiki:http://de.wikipedia.org/wiki/Tim_Bendzko
Tim Bendzko Lyrics more
Tim Bendzko Featuring Lyrics more
Tim Bendzko Also Performed Pyrics more
Excellent Songs recommendation
Popular Songs
Artists
Songs