Ор невесте [Or neveste]
Ор невесте [Or neveste]
Ор, невесте, мори, Стојанице,
што ти лице потемнело,
море, како платно небелено,
што ти лице, несте, потемнело,
што ти усте подгорело,
море, како лушпе, ореово.
Ор, Стојане, море, мој стопане,
од твоите неправдини,
море, зошто одиш в туѓа земја,
зошто одиш, Стојан, в туѓа земја,
тамо љубиш друго либе,
море, друго либе осем мене.
Да се колнам, несте, не ми веруваш,
да се крстам, ке ми се смееш,
море, да се крстам ке ми се смееш.
Да ми пукнат, несте, твоите очи,
ако љубам друго либе,
море, друго либе осем тебе.
Не колни се, Стојан, во очиве,
очиве се само мои,
море, заколни се шо е твое.
Да ми пукне, несте, машконо дете,
ако љубам друго либе,
море, друго либе осем тебе.
Не колни се, Стојан, во детено,
детето е мое-твое,
море, заколни се што е твое.
Да ми пукнат, несте, моиве очи,
ако љубам друго либе,
море, друго либе осем тебе.
Уште, Стојан, зборот не дорече,
му пукнале двете очи,
море, зошто љубел друго либе.
- Artist:ZANOVET