Polako [Macedonian translation]
Polako [Macedonian translation]
Од светлата страна на бурата паднавме на сите улици
И секоја секунда од стварноста нѐ променува
Системот е нешто најлошо и против него сум секогаш
А, ти, не заборавај кој си и на која страна си
Ти, покажи ми, заборави ги опасностите
Кога светлото ме погоди, полека, полека, приоѓам
Додека шетаме низ градот, ти велам да не се плашиш
Зашто Ангелите собираат војска
И сенките нека пројдат и нека нѐ греат крилјата до утрото
Зашто кога ќе дојде нов ден, станувам немирен
И правам што знам и никого не прашувам
Ти, покажи ми и замисли и не грижи се
Времето на нашата светлина полека, полека доаѓа
Бидејќи те сакам и ти велам дека можеш сѐ
Во секој град, во секој живот ти шепотам
И насекаде полека поминувам и само духовите ме слушаат
И те носам таму каде стравовите умираат
Ти, покажи ми, покажи ми, покажи ми
Кога небото ќе се отвори полека над сите
- Artist:Kanda, Kodža i Nebojša
- Album:Prekidi stvarnosti