Три години, лудо, болна лежам [Tri godini, ludo, bolna ležam] [Transliteration]
Songs
2024-11-05 14:11:25
Три години, лудо, болна лежам [Tri godini, ludo, bolna ležam] [Transliteration]
Три години, лудо, болна лежам
нити други армасани.
Ти не дојде, лудо, да ме видиш
сега дојде на умрење.
Сега дојде, лудо, на умрење
кога снага овенала.
Кога снага, лудо, овенала,
бело лице потемнело.
Бело лице, лудо, потемнело
црни очи пропаднале.
Заврти ме, лудо, карши сонце
да го видам сино небо!
Да го видам, лудо, сино небо
сино небо – црна земја.
Там’ ќе оди, лудо, моја душа
моја душа, мој’та младост.
- Artist:Macedonian Folk