Љубовта е моја религија [Ĺubovta e moja religija] [Russian translation]
Љубовта е моја религија [Ĺubovta e moja religija] [Russian translation]
Ме учеа од мала да верувам
во ангели и сказни чудесни
Но кога ќе те повредат
зошто толку боли
никој не знае да објасни
Помислив: „Така мора,
може животот е сал
река солзи и капка среќа во неа“.
Бев жедна за одговори
со чеиз од наивност и добрина
Но светот се договорил
дека денеска е грев да имаш душа стаклена
Збунета барав излез,
знак што ќе ми покаже
кој е патот што ме води до тебе
Ти срцето ми го воскреснуваш
сега љубовта е моја религија
Со тебе имам сѐ и доволно ми е
Да љубам и да постојам
Со нежност ми ја измиваш душата
ко никогаш за бол таа и да не чула
Од денот кога долета
мојта судбина облечена во твоја кошула
Мојот крст сега ти си,
ти и твоите раце две
што во прегратка се шират за мене
Ти срцето ми го воскреснуваш
сега љубовта е моја религија
Со тебе имам сѐ и доволно ми е
Да љубам и да постојам
- Artist:Karolina Gočeva