Берёзы [Berezy] [Macedonian translation]
Берёзы [Berezy] [Macedonian translation]
Зошто така шумат брезите во Русија?
Зошто тие бели стебла разбираат сѐ?
Покрај патот стојат на ветерот
и лисјата се откинуваат тажно.
Јас одам по патот, се радувам на просторот,
можеби тоа е сѐ што знам во животот.
Зошто така лисјата тажно летаат,
и ми ја галат душата под кошулава?
А на срцето пак луто,
и пак, и пак без одговор.
А ливче од брезата паднал на моите плеќи,
тоа, како и јас, се оттргнало од гранките.
Да седнеме на патот, драга, јас и ти,
ти разбери: ќе се вратам, не тагувај, не вреди.
И старата1 ќе мавне со раката за збогум,
И зад мене ќе ја затвори портата.
Зошто така шумат брезите во Русија?
Зошто толку добро свири хармониката?
Прстите како ветер по клавишите летаат наеднаш,
а последната, ех, потонува...
А на срцето пак луто,
и пак, и пак без одговор.
А ливче од брезата паднал на моите плеќи,
тоа, како и јас, се оттргнало од гранките.
А на срцето пак луто,
и пак, и пак без одговор.
А ливче од брезата паднал на моите плеќи,
тоа, како и јас, се оттргнало од гранките.
1. мајка му
- Artist:Lyube