Дувнале силни ветрови [Duvnale silni vetrovi] [English translation]
Songs
2024-12-29 08:06:17
Дувнале силни ветрови [Duvnale silni vetrovi] [English translation]
Дувнале силни ветрови, море ветрови,
во таја гора зелена.
Загрми небо, засветка, море засветка,
зафучи таа планина.
Заофка гора зелена, море зелена,
почна да плачи, да тажи.
Деј гиди, Велко војвода, море војвода,
деј гиди, славен јунаку.
Што ми пособра и набра, море и набра,
верна дружина зговорна.
Двајсет одбор момчиња, море момчиња,
сите готови да умрат.
Битка се почна крвава, море крвава,
во селото Ракитица.
Кај што јуначки паднаа, море паднаа,
твојте бестрашни момчиња.
- Artist:Vlatko Lozanoski